Како да ја користите WhatsApp

Со WhatsApp можете да праќате пораки кај пријателите и семејството и да вршите видеоповици користејќи ја домашната Wi-Fi мрежа, без дополнителни трошоци.

Што е WhatsApp?

Исто како и Skype, WhatsApp е популарна апликацијата за говорни повици и видеоповици. WhatsApp најчесто се користи на паметни телефони, но може да се користи и на лаптоп и десктоп компјутери.

Можете да ја инсталирате WhatsApp од App Store ако користите iPhone или од Google Play ако имате телефон со Android. Штом сте ја инсталирале, отворете ја апликацијата и следете ги чекорите за да создадете сметка.

Снимка од екран од играта Пасијанс

Ќе треба да го дадете вашиот број на мобилен телефон. WhatsApp ќе прати СМС со код и ќе треба да го внесете за да ја потврдите вашата сметка. Апликацијата ќе ви побара да ѝ дадете дозвола за пристап до вашите контакти и фотографии. Ова може да го олесни користењето, но не мора да се согласите.

Како работи

Создавате именик во WhatsApp. Можете да ги вклучите сите што ја користат WhatApp. Ја користите WhatsApp исто како да користите телефон. Го одбирате името на лицето на кое сакате да му се јавите, а потоа го допирате или кликнувате на копчето видеоповик (video call) за да започнете повик.

Кога повикот ќе почне, на полн екран ќе се појави лицето на соговорникот. Исто така, ќе видите мало видеопрозорче со вашата слика, за да знаете како соговорникот ве гледа.

WhatsApp е бесплатна за преземање, инсталирање и користење. Но, ако вршите видеоповици со WhatsApp, можеби ќе треба да користите мобилни податоци (mobile data). Ако е можно, користете домашна Wi-Fi мрежа за да го одбегнете ова.

Како да додадете контакти во WhatsApp

Пред да вршите видеоповици со WhatsApp, добра идеја е да создадете именик (contacts list). Тој е како ваш личен телефонски директориум за WhatsApp. Можете да го направите тоа на два начини:

  1. WhatsApp може да го користи вашиот постоечки именик (WhatsApp can use your existing contacts list). Кога ќе ја инсталирате или стартувате WhatsApp, таа ќе побара дозвола да го користи именикот од вашиот паметен телефон, таблет, лаптоп или десктоп компјутер. Таа автоматски ќе ги детектира лицата кои исто така ја имаат WhatsApp и ќе ги додаде во вашиот именик.
  2. Рачно додавање нов контакт (Add a new contact manually). Допрете ја иконата Нова порака (New Message) што се наоѓа на страницата за разговор на WhatsApp. Потоа допрете на Нов контакт (New Contact). Внесете го името и телефонскиот број на лицето со кое сакате да контактирате и WhatsApp ќе ви потврди дали тоа лице ја има WhatsApp.

Како да вршите повик со WhatsApp

За да извршите видеоповик преку WhatsApp со паметен телефон:

  1. Допрете на Повици (Calls). Се наоѓа во горниот дел на екранот кај телефони со Android и во долниот дел кај iPhones.
  2. Допрете на иконата Нов повик (New Call).
  3. Допрете на иконата со видео-камера (video camera) што се наоѓа до името на лицето кое сакате да го повикате.

Како да одговорите и да завршите повик

Уредот на лицето кое го повикувате ќе заѕвони и соговорникот треба да го допре или да помине со прстот на синото копче со видео-камера (video camera) (кај телефони со Android) или да помине со прстот на известувањето на неговиот телефон (кај iPhone) за да одговори на повикот.

Штом ќе одговори на повикот, лицето кое го повикувате ќе се појави на полн екран на паметниот телефон, а вие ќе се појави на полн екран кај соговорникот.

Едно малечко поле на вашиот екран ќе прикажува како ве гледа соговорникот.

Можете да зборувате онолку долго колку што сакате. Кога ќе го завршите повикот, допрете го црвеното копче за завршување повик (red hang up button) за да го завршите повикот.